Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“ јавува голем пресврт во „случајот Рамос“ по тивките два месеци во шпанската престолнина

Објавено

на

Преговорите меѓу Флорентино Перез и Серхио Рамос беа „замрзнати“ во изминатите два месеци откако капитенот на Реал Мадрид ја одби првичната понуда која му беше доставена од клубот, но откако претседателот на клубот ги надмина проблемите со коронавирусот, угледните медиуми од Шпанија сега јавуваат за голем пресврт.

„Марка“ ова попладне излезе со своја ексклузива и посочи дека Рамос во овој момент е далеку поблиску до останува во клубот отколку до заминување, откако не добил ниту една конкретна понуда од друг клуб во изминатите 60 дена, или поточно од денот кога можеше да почне преговори со било кој клуб.

Реал Мадрид му понуди двегодишен договор на својот стопер (една година плус една) и истиот уште стои на маса, па како што одминува времето, тоа што се најавуваше како речиси сигурно заминување на капитенот, сега полека се претвора во тема која одново ќе биде отворена и продлабочена од страна на двата актери кои имаат последен збор.

По ексклузивата на „Марка“, се јави и телевизијата „Гол“ во Шпанија која вели дека во блиска иднина се планира средба меѓу капитенот и претседателот за разрешување на ова прашање, а целта е Рамос да се врати на терените по санирањето на повредата како играч со нов договор во кој најверојатно ќе има мала измена.

Рамос инсистира да добие чист двегодишен договор без клаузула по истекот на првата година, а по се изгледа, Флорентино ќе го прифати овој услов и ќе му ја исполни желбата на стоперот кој со новата соработка би бил дел од првиот тим и на 37 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни