Поврзете се со нас

Италија

„Марка“: Хујсен решил да настапува за Шпанија

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Дин Хујсен важи за еден од најперспективните стопери во својата генерација, а своите фудбалски квалитети почна да ги докажува со брзиот напредок во редовите на Јувентус.

Макс Алегри на почетокот на сезоната го прекомандува дефанзивецот и тој стана постојан член на првиот тим, а во втората полусезона настапува на заем во Рома и неодамна постигна атрактивен гол на дуелот со Фрозиноне.

Со оглед на своето потекло, но и место на живеење, Хујсен има право за настап за повеќе репрезентации, но се чини дека ќе ја откачи Холандија за да ја прифати поканата на Шпанија.

Хујсен е роден во Холандија, но од 5-годишна возраст живеел во Шпанија, а „Марка“ тврди дека веќе ја прифатил понудата за прв повик во младинската репрезентација на „фуријата“.

Јавна тајна е дека фудбалерот ја комплетира процедурата за формално добивање на шпански пасош, а тоа ќе му овозможи и да дебитира за Шпанија. Хујсен е роден во Амстердам, но живеел во Марбелја и очекувано зборува перфектно шпански, па лесно ќе се адаптира во новиот национален тим.

Шпанците во март играат против Словачка и Белгија и се очекува тоа да биде шанса за прв настап на стоперот во шпанскио состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни