Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Марка“: Гризман лично му се јавил на Алексис и се извинил за недоличниот потег (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Антоан Гризман не беше дел од пенал руелтот на „Метрополитано“ поради тоа што беше изваден од игра на стартот на второто продолжение, но сепак Французинот самиот се погрижи да биде инволвиран во завршната драма.

Ударите од 11 метри не оставија никого рамнодушен на познатиот фудбалски стадион во шпанската престолнина, па додека играчите на Атлетико се радуваа, оние на Интер мораа да се помират со раната елиминација во нокаут рундата.

Како вистински трагичари за Интер во завршната фудаблска лотарија се покажаа Алексис, Класен и Лаутаро, но првиот кој ја отвори серијата промашувања беше Чилеанецот.

Поточно, Облак беше тој кој му го прочита ударот и лесно одбрани во дадената ситуација, по што Гризман му фаќаше сеир и употреби неколку невкусни зборови кои брзо станаа вирални.

– Се посра Чилеанецот, ги наполни гаќите…., – гласеше пораката на Гризман, а сега и на самиот му станал јасно дека сликата изгледала навистина невкусно.

Како што јавува угледната „Марка“, Гризман му се јавил на Алексис рано утрово и му се извинил за зборовите кои ги употребил во моменти на голема еуфорија, а Чилеанецот го прифатил тоа и ставил крај на целата епизода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни