Лига на шампиони
„Марка“ ги пренесе трите можни сценарија за пополнување на испразнетото место во Лигата на шампионите

Eден од најреномираните светски спортски медиуми, шпанска „Марка“ во своето денешно издание пренесе што ќе се случува во Лигата на шампионите по и дефинитивното исфрлање на Вардар од натпреварувањето.
Медиумот пренесува дека постојат три опции за пополнување на испразнетото место, а една од опциите би била добра за македонскиот ракомет.
Имено, првата варијанта е местото во Лигата на шампионите да му припадне на вицешампионот во Македонија, Еурофарм Пелистер, со што би се продолжил континуитетот на македонски претставници во најелитното европско ракометно натпреварување.
Втората опција е, местото да го добие ППД Загреб како тим кој е шампион на седмопласираната нација во ранкингот на ЕХФ, а тоа е токму Хрватска.
Третата опција е местото да го пополни друг тим кој ќе добие дополнителна „вајлд-карта“, нешто што најмногу се споменува во јавноста. Наводно од ЕХФ планираат местото на Вардар да го пополнат со тимот на Алборг.
-
Македонијапред 2 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 18 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 19 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 19 часа
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
НБАпред 24 часа
Познато име се враќа во „Палау Блауграна“: Барселона договори НБА засилување
-
Англијапред 17 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот