Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Дел од шпанските медиуми денеска излегоа со вест дека Карло Анчелоти добил ултиматум од Флорентино Перез, информација која подоцна во ноќта беше демантирана од весникот за кој се верува дека е најблизок до клубот.

Угледната „Марка“ ги демантираше натписите во шпанската јавност за можно заминување на Карло Анчелоти доколку не го освои светското клупско првенство, уверувајќи ги фановите дека ситуацијата во првиот тим се уште е доста стабилна за да биде разнишана со вакви шпекулации.

Познатиот медиум кој има инсајдерски информации од клубот тврди дека никој во Реал Мадрид нема да суди за работата на Карло Анчелоти уште во февуари, иако цел на сите во „кралското“ семејство е да тимот од Мароко да се врати со освоена светска титула.

„Марка“ тврди дека работата на Анчелоти не е загрозена и не е доведена во прашање во овој момент, бидејќи Перез има максимална доверба во него и тимот, што значи дека заклучоци и решенија ќе носи дури во месец јуни.

Планот е Анчелоти да го извлече максимумот од тимот како што тоа го направи и минатата сезона, па во зависност од резултатите и освоените титули, Флорентино ќе донесе одлука за неговата иднина како предводник на првиот тим.

Реал Мадрид во Мароко ќе ја брка својата втора светска титула под водство на Анчелоти, а до крајот на сезоната останува во игра и во Лигата на шампионите, Ла Лига и Копа дел Реј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни