Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Чави го губи трпението со еден фудбалер на Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона влезе во новата сезона со големи амбиции на повеќе фронтови, а тренерот Чави се обидува да го извлече најдоброто од квалитетниот ростер со кој располага.

Најголем број фудбалери одговараат на задачите и ги исполнуваат очекувањата, но тоа не важи за Рафиња.

„Марка“ тврди дека Чави почнал да го губи трпението со Бразилецот и ако нешто драстично не се промени, Рафиња би можел да добие „совет“ да размислува за промена на средината.

Рафиња не успеа да се наметне со своите игри и по заминувањето на Усман Дембеле, па тоа придонесе поретко да биде во првиот тим и да има минимален ефект на резултатите на Барса сезонава.

Пристигнувањето на Жоао Феликс исто така не оди во прилог на комоцијата на Рафиња, а Чави е расположен да им дава шанса и на помладите фудбалери на негова сметка, што е знак дека и во иднина ќе смета се помалку на бразилскиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни