Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Анчелоти ќе добие две големи засилувања за четвртфиналето против Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Вчерашната ждрепка во Лигата на шампионите ни донесе едни од највозбудливите четвртфинални парови во последните неколку години, но од сите четири, посебно се издвојува оној меѓу последните два европски прваци.

Патиштата на Манчестер Сити и Реал Мадрид повторно се вкрстуваат пред големото финале, па откако играа едни против други во изминатите две години, тоа ќе го повторат и сега во фазата меѓу осумте најдобри.

Извлекувањето на УЕФА посака нова тактичка „војна“ меѓу Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти, а иако има уште доста време до месец април, медиумите веќе почнаа да прават најави и на големо да ги споредуваат двата тима.

Со оглед на формата, не може да се издвои фаворит во овој момент, но за Карло Анчелоти супер вест треба да биде тоа што за двојната пресметка со англискиот шампион треба да добие две големи засилувања.

Угледната „Марка“ информира дека прогресот на Тибо Куртоа и Едер Милитао се развива во најдобар ред, па италијанскиот стручњак очекува да смета и на двајцата за натпреварот на 9-ти март, но и за оној една седмица подоцна.

Двајцата се во завршна фаза од рехабилитацијата и веќе тренираат со првиот тим, а како што известува добро упатениот медиум од Мадрид, медицинските лица веќе го увериле италијанскиот стручњак дека и голманот и стоперот ќе бидат подготвени за четвртфиналето.

Само за потсетување, и Тибо и Едер имаа тешки повреди на коленото и беа во аут од стартот на сезоната, па интересно ќе биде да се види дали Анчелоти директно ќе ги врати во стартната постава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни