Мото ГП
Марк се прсна од смеа: Маркез ја „згрми“ својата Хонда и го остави Ансу Фати без слух (Видео)

Марк Маркез како момче кое потекнува од Каталонија е голем фан на Барселона, а сега имаше чест да го нагости најголемиот талент кој го поседува каталонскиот гигант на патеката „Монтмело“.
Маркез заедно со одговорните луѓе од Репсол Хонда му приредија изненадување на фантастичниот млад играч кој се претвори во нова „10-ка“ на Барселона, но материјалот кој го достави јапонската компанија е навистина комичен и симпатичен поради еден момент.
Осумкратниот светски шампион му објасни на Ансу Фати дека неговата Хонда може да достигне максимална брзина од 350 километри на час, а потоа му порача да седне на „ѕверот“ на две тркала и да ја почувствува моќта на коњските сили само преку звукот.
Фудбалерот на Барселона не се осуди да го проба мотоциклот, но затоа се исплаши од самиот звук, односно остана без слух неколку секунди и буквално го изнасмеа возачот на Хонда.
– Неверојатно….. Што е ова…. Не можам да слушам…, – беа коментарите на Ансу Фати.
-
Шпанијапред 13 часа
Анчелоти изненади со изјавата: Еден од тројцата отпишани може да остане во Реал!
-
АТПпред 9 часа
Ѓоковиќ откри кои три спонзори му останале верни и покрај сите притисоци: Многу сум им благодарен
-
Францијапред 23 часа
ПСЖ ја потврди разделбата со еден од најискусните фудбалери
-
Англијапред 4 часа
Конте си крева на цена: Да ми речеше Леви дека сака да играме во Лигата на шампионите..
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас: Не гледам како Барселона може да си го дозволи Левандовски
-
НБАпред 12 часа
Далас испушти плус 19, Кари ги прати Дончиќ и соиграчите на спиење (Видео)
-
Светпред 11 часа
Познат шпански експерт: Перез ја соопштил конечната одлука на Мбапе пред играчите на Реал
-
Англијапред 12 часа
Тен Хаг со нова изјава за Роналдо најави каква иднина има Португалецот на „Олд Трафорд“