Поврзете се со нас

Англија

Марк Клатенбург „удри“ по Клоп поради коментарите за тенденциозното судење: Не го правеше ова кога победуваше

Објавено

на

Стратеготна Ливерпул, Јирген Клоп го привлече вниманието на јавноста со своите коментари за често досудуваните пенали за Манчестер Јунајтед откако Оле Гунар Солскјер е на клупата на „ѓаволите“.

Клоп го обвини својот следен противник дека многу често добива пенали и нагласи дека нив им биле свирени повеќе удари од белата точка отколку нив во пет години.

Поранешниот најдобар англиски судија, Марк Клатенбург во својата колумна на „Дејли Мејл“ го обвини германскиот стратег поради ваквите коментари дадени во јавноста.

– Клоп мора да е загрижен, затоа што коментарите кои ги даде минатата недела за Манчестер Јунајтед и пеналите беа исти како ти на Сер Алекс во минатото. Тоа е умствена игра, во обид да влијае на судијата Пол Тирни и да влезе во неговата глава пред големиот натпревар во недела.

– Клоп беше во право кога рече дека Јунајтед добил повеќе пенали во две години отколку тој во пет години. Тој постапи паметно затоа што знаеше дека неговите коментари нема да му донесат проблеми со властите. Но, да бидеме јасни, нема некоја теорија на заговор за судиите. Дали Клоп навестуваше нешто такво? Или пак сугерираше дека играчите на Јунајтед често глумат?

– Ако зборуваше за првото, не коментирам за тоа, но доколку зборуваше за второто би кажал дека точно е дека некои играчи на Јунајтед премногу лесно паѓаат во казнениот простор. Ги гледав сите 11 пенали на Јунајтед од оваа сезона и ги анализирав. Заклучив дека на дури пет од нив првиот контакт го започнале самите играчи на Јунајтед. Рашфорд, Марсијал, Погба и Гринвуд беа играчите кои беа инволвирани, тие се доста паметни.

– Но тука Клоп треба да биде внимателен, затоа што и неговите играчи го прават истото. Токму Садио Мане го стори тоа против Саутемптон и стартот на Кајл Вокер- Питерс. Може да се заклучат неколку работи од изјавата на Клоп од пред една недела. Прво, тој изгледаше како хипокрит сугерирајќи дека играчите на Јунајтед играат да добијат пенали. Играчи како Мо Салах и Мане го прават истото, -заклучи Клатенбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни