Марјановиќ го „затвори“ мечот со тројка која сите ги изнасмеа, па ги забавуваше српските фанови со хит на Шабан (Видео)

bobi-slavi

Далас го преслуша Сакраменто со 130:111, а во ситуација кога победата беше осигурана, во самата завршница шанса доби и Бобан Марјановиќ кој не пропушти да се приклучи во шоуто.

Популарниот Боби ги одигра последните три минути од мечот, а со една комична тројка успеа да го „затвори“ мечот постигнувајќи ги последните поени за Далас, со што предизвика вистинска ерупција на клупата кај Маверикси, а пред се кај Дончиќ кој слатко се изнасмеа за тројката на својот добар пријател кој важи за доста лош шутер.

Сепак, шоуто на Србинот не застана тука, бидејќи по осигурната победата, Марјановиќ издвои време за српската навивачка заедница на Далас, па така го зема микрофонот и ги забавуваше со хит на легендарниот Шабан Шаулиќ.

Инаку, натпреварот го решија Дончиќ со 33 и Порѕингис со 28 поени, а одлични беа и Хардавеј и Кари кои придодадоа 19 и 18 поени.

Facebook Коментари