Поврзете се со нас

Формула 1

Марио Изола од Пирели ги откри смесите за 2019 година

Објавено

на

Од Абу Даби за „Дерби“
Александар Табаковски

Во пресрет на гран при викендот во Абу Даби беше објавено дека Пирели останува снабдувач со пневматици на сите Формула 1 екипи, како и дека од  2021 година ќе почнат да се користат пневматици со дијаметар од 18 инчи, а на првиот ден од тестирањата за новата сезона во Формула 1 конечно и официјално се познати смесите кои ќе се употребуваат во текот на 2019 година, како и начинот на кој тоа ќе биде регулирано заради подобра прегледност.

Во интервју за „Дерби“, Марио Изола, одговорен на тркачкиот оддел, објасни дека наместо седум, ќе има пет смеси за суво време, при што ќе се откажат од „супер-тврди“ и од „супер-меки“ пневматици.

– Ќе имаме пет нивоа на пневматици кои ќе бидат слични на овие смеси кои беа користени во 2018 година. Досегашните „тврди“ и „медиум“ ќе бидат малку доближени кон помекиот ранг, „меките“ би требало да останат исти, а „ултрамеките“ ќе одат во насока на омекнување и тоа на половина пат до „хипер-меките“. Најголеми промени ќе има кај „хипер-меките“ кои видовме дека имаат потенцијал, но им недостасува малку издржливост. Меѓутоа на секој гран при викенд ние ќе номинираме по три смеси, а тие секогаш ќе бидат означени како „тврди“, „медиум“ и „меки“. Ние ќе знаеме која смеса се крие зад кое име и истото ќе им го доставиме на увид на фановите преку медиумите, меѓутоа за да можат гледачите лесно да ги препознаваат стратегиите и да не се двоумат, секогаш ќе има бели ознаки за најтврдата смеса на тој викенд, жолти ознаки за медиум пневматиците и црвени ознаки за најмеката смеса. Така секогаш ќе имаат најдобар увид во тоа кој со каква стратегија ќе настапува,- објасни Изола.

Тестирањата во Абу Даби траат и утре, а потоа дури по промоциите на болидите за новата сезона ќе уследат претсезонски тестирања. Прва трка за 2019 година ќе биде Големата награда на Австралија на 17 март.

Photo credit: Derbi.mk

Photo credit: Derbi.mk

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни