Поврзете се со нас

Германија

Марио Гомез открива: Една грешка ќе ме мачи до крајот на животот

Објавено

на

foto:twitter.com/Mario_Gomez

Марио Гомез беше квалитетен напаѓач кој постигна многу голови во елитните клубови за кои настапуваше и германската репрезентација, освојувајќи многу трофеи во долгата и успешна кариера.

Сепак, во последниот документарец „Генерација Вембли“ тој открил дека никогаш нема да си прости за еден момент од кариерата, кој според него веројатно ќе му донел и уште еден трофеј во Лигата на шампионите.

Гомез го освои најпрестижното европско натпреварување во 2013 година, но се уште го мачи една ситуација од претходната сезона 2011/12, во која Баерн остана без титулата во ЛШ по изведување пенали во дуелот со Челси.

– Тренерот пред натпреварот ни кажа дека Робен ќе биде прв пеналџија, додека јас би требало да преземам одговорност ако тој не се чувствува подготвен за такво нешто.

– Уште од првата секунда кога го добивме пеналот забележав дека Робен не е сигурен во себе и дека се двоуми дали да шутира. И затоа никогаш нема да си простам и сум многу лут на себе што не му ја земав топката и што не шутирав. Имав 100 проценти самоувереност дека ќе погодам, а тоа веројатно беше клучно во тие моменти, – изјавил Гомез.

Робен не реализираше пенал во продолжението, односно во 95. минута, натпреварот отиде во пенал завршница, а Челси на крајот ја освои титулата.

За разлика од Робен кој не шутираше, Гомез без проблем го совлада Чех во пенал рулетот, но промашувањата на Олиќ и Швајнштајгер му ја донесоа првата европска круна на Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни