Марио Ѓуровски: Никогаш нема да ги заборавам настапите за Македонија, ама морав да прекинам…

Mario Gjurovski

Македонскиот интернационалец, Марио Ѓуровски познат по своите голови и специфични прослави ги посочи вистинските причини зошто тој прерано се откажа од нашиот национален тим.

Тој од 2010 до 2012 година имаше настапи за „црвено-жолтите“, но откако се пресели на Тајланд за него беше спуштена „рампа“ кога е во прашање репрезентативната кариера. Причината за тоа Марио ја откри во интервју за „Спорт Клуб“ во кое посочи дека никогаш нема да го заборави времето минато во нашиот национален дрес, но поради договорот со Муангтонг Јунајтед морал да пресечи и го прекине статусот на репрезентативец.

– Македонија – репрезентација, настапи и време кои никогаш нема да ги заборавам. По доаѓањето на Тајланд и натаму добивав повици (во тој момент Џон Тошак беше селектор), ама во договорот со тогашниот клуб Муангтонг Јунајтед морав да ја стопирам репрезентативната кариера од причини затоа што лигата не ги следеше термините на ФИФА и УЕФА, па ќе морав да пропуштам по 10 натпревари во првенството. Тоа беше невозможно и донесов одлука да престанам да играм за репрезентацијата, -вели Марио кој е син на нашата легенда Милко Ѓуровски.

Facebook Коментари