Поврзете се со нас

Свет

Маринковиќ се врати во Партизан, Калатаес повторно ќе се спои со Џејмс

Објавено

на

foto: x.com/EuroLeague

Клубовите од Евролигата направија неколку потези во текот на денешниот ден, поточно во акција беа Партизан, Монако и Фенербахче.

Прво засилување за „црно-белите“ е Вања Маринковиќ кој досега беше дел од Басконија. Вања е дете на Партизан, своевремено беше најмладиот капитен во историјата на клубот и сега се враќа дома во клубот со кого потпиша двегодишен договор.

Искусниот Ник Калатас пак го напушти Фенербахче и се пресели во Монако каде ќе се спои со Мајк Џејмс со кого во минатото имаа одлична соработка во Панатанаикос.

-Имам многу добaр однос со Мајк откако игравме заедно во Панатинаикос. Останавме во контакт. Заедно ги поминувавме одморите. Имам многу добар однос со него, тој беше една од главните причини зошто избрав да дојдам во Монако бидејќи мислев дека можеме повторно да играме добро заедно. Би било одлично да имам шанса да освоиме титула со него, -порача Калатес кој со францискиот тим договори двегодишна соработка.

Кога е во прашање пак Фенер, нов член на овој тим е Девон Хол кој во Истанбул пристигна од Олимпија Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни