Поврзете се со нас

Мото ГП

Марини имаше страшен пад на Ле Ман, Роси распали по водечките луѓе на Мото ГП (Видео)

Објавено

на

Лука Марини со 150 освоени бода е лидер во генералниот пласман во Мото 2, но Италијанецот сега се соочува со сериозен предизвик да се натпреварува утре и задутре на трката в недела, бидејќи имаше ужасен пад на петочните тренинзи.

Младиот италијански возач имаше навистина катастрофално излетување и буквално беше катапултиран од својот мотоцикл, откако лошите временски услови и отежнатата состојба на патеката си го направија своето.

Вистинска среќа е што Марини успеа самостојно да стане, но инцидентот беше до толку лош, што сесијата во Мото 2 мораше да биде прекината. За состојбата на Марини се загрижи и Валентино Роси, легендарниот Мото ГП шампион кој инаку е полубрат на Лука од страна на својата мајка.

– Секако дека се загрижив за него и зборувавме. Сега е добро, беше доста исплашен, но генерално е добар и тоа е најважно. Има мал проблем со левата нога, можно е да постои поситна фрактура. Се надевам дека ќе може да вози в недела, – изјави Роси, кој не го криеше незадоволството од календарот на Мото ГП, нагласувајќи дека октомври е исклучително лош месец за земја како Франција.

– Навистина не ми е јасно. Во јули не одведоа во Херез кадешто беше претопло, а сега во октомври возиме во Ле Ман. Најверојатно нешто им имаме погрешено на одговорните луѓе, ова сигурно не се најдобрите услови за возење во Франција, – изјави Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни