Поврзете се со нас

Шпанија

Маријано има јасен план, Реал Мадрид со „врзани раце“

Објавено

на

Маријано Диаз не е во плановите на Карло Анчелоти, но и тоа не е доволна причина за фудбалерот да го напушти Реал Мадрид ова лето.

На помалку од еден месец до крајот на преодниот рок, фудбалерот од Доминикана останува дел од Реал и воопшто не размислува за менување на клубот.

„Марка“ пренесува дека Маријано има јасна идеја, а тоа е да ја одработи последната година од договорот со Реал и следното лето да замине како слободен агент.

Тој заработува 4,5 милиони евра годишно, сума која не може да ја добие во ниту еден друг шпански клуб, а веројатно и во ниту еден клуб од друга земја, па затоа и нема посебна потреба да размислува за нов ангажман.

Анчелоти има поинакви приоритети и покрај заминувањето на Јовиќ, а во клубот се помирени со ситуацијата, истовремено разочарувајќи се од недостигот на било какви фудбалски амбиции кај Маријано.

Откако дојде во Реал во 2018 година, Диаз има одиграно 1907 минути во дресот на Реал, што е еквивалентно на 21 цел натпревар од вкупно 208 кои ги одиграл тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни