Марихуаната исфрлена од списокот на забранети сусптанци во МЛБ

Мејџор Бејзбол Лигата (МЛБ) официјално ја исфрли марихуаната од списокот на забранети супстанци и во иднина играчите на кои ќе им биде детектирана употреба на природен канабис, ќе одговараат исто како за алкохолизирана состојба.

МЛБ објави дека членовите на лигата за кои тестовите ќе покажат дека користеле кокаин, опиоиди, фентанил или синтентичка марихуана, најпрвин ќе мора да посетат соодветен третман, па дури потоа ќе биде одлучено дали ќе има дисциплинска постапка.

Новите правила важат од почетокот на 2020 година, а од МЛБ се надеваат дека ќе ја подигнат свеста за лошото влијание на супстанците кои се споменати како поопасни и за кои се препорачува третман.

Одлуката е донесена неколку месеци по смртта на 27-годишниот член на Л.А Ејнџелс, Тајлер Скагс, кај кого аутопсијата покажала смртоносна комбинација на фентанил и алкохол.

Facebook Коментари