Поврзете се со нас

АТП

Мари за Алкарас и Синер: Не верувам дека ќе освојат…

Објавено

на

foto: twitter.com/the_LTA

Енди Мари е еден од асовите кој дефинитивно одбележа една супер успешна ера во белиот спорт, ера во која тој мораше да се бори со тениски „чудовишта“ како Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер, три имиња со најмногу освоени пехари на грен слем сцената.

Британецот играше финалиња на сите најголеми турнири, ама само во три наврати освои грен слем пехари и тоа на Вимблдон и Ју-Ес Опен.

Сега има некоја друга генерација која се обидува да се наметне како Јаник Синер, Карлос Алкарас, а тука се и малки постарите Медведев, Циципас, Зверев…па Мари отворено говореше за нив и за тоа дали можат да ги постигнат успесите на големата тројка.

-Мислам дека Данил и другите немаа среќа, бидејќи во раните фази од кариерата мораа да се борат со Новак, Рафа и Рожер кои тогаш беа на својот врв. Добро знам како е да се освојуваат најголемите трофеи кога тие се натпреваруваат. Не мислам ништо негативно за нив, но веројатно не се толку добри како овие тројца. Тоа не им се случи само на нивната генерација, туку на многумина.

-Рожер веќе престана да игра, Рафа не игра бидејќи е повреден, остана само Новак кој наскоро ќе наполни 37 години. Порано или подоцна ќе започне неговиот пад и младите тенисери тоа ќе го искористат. Алкарас е веќе неверојатен тенисер, Синер исто така, а ќе има уште млади тенисери кои ќе се пробијат. Ќе видиме колку гренслеми ќе освојат, веројатно многу, но не меѓу 20 и 24 – потсети Мари.

Само за потсетување Федерер застана на 20 пехари, Надал има 22, а Ѓоковиќ е рекордер со 24 на најважните турнири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни