Поврзете се со нас

АТП

Мари со урнебесна објава: Големата тројка и еден…… (Фото)

Објавено

на

Најното издание на Лејвер Купот носи пресметка меѓу тимот на Европа и оној на остатокот од светот, но и обединување на таканаречената „голема четворка“ која освои 66 грен слем титули во последните 20 години.

Енди Мари во еден момент од кариерата успеа да се вклучи во друштво на Федерер, Надал и Ѓоковиќ и со три грен слем титули стана светски рекет број еден, па поради него, наместо голема тројка, се дојде до голема четворка.

Токму овие четворица играчи сега се присутни во Лондон и го сочинуваат тимот на Европа заедно со Каспер Руд и Стефанос Циципас, но по одработениот тренинг, Мари беше задолжен за најкомичната објава на социјалните мрежи.

Британецот очигледно самиот е свесен дека не може да се споредува со големата тројка, па оттаму неговиот коментар наиде на огромно воодушевување во јавноста.

– Големата тројка и еден кловн….., – порача Мари, кој се вклучи во најавите за утрешниот спектакл во О2 арената во Лондон, каде Рожер Федерер ќе го одигра својот последен меч во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни