Поврзете се со нас

АТП

Мари со интересен коментар ја одбележа средбата со Меси, Бекам му одговори: Јас ќе ти преведам (ФОТО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Лионел Меси во живо го гледаше мечот на Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров на Мастерсот во Мајами, па ова беше добра можност за добро познатите тениски имиња да остварат и средба со аргентинскиот репрезентативец.

Во фокусот беа Меси и Ѓоковиќ, но и Енди Мари кој е дел од тимот на Ноле исто се сретнал со членот на Интер Мајами, средба која на свој начин ја одбележа на социјалните мрежи.

-Го прашав дали тоа може да го направи на ладна врнежлива ноќ во Стоук. Тој ми одговори „cállate la boca“ што на шпански мислам дека значи ДА, напиша Енди.

На ова се надворзаа коментари од познати личности како Беговиќ, Клајстерс, но коментарот на Бекам дефинитивно се издвои.

-Со задоволство тоа ќе ти го преведам- напиша Бекс.

„Cállate la boca“ co превод значи замолчи, затворија ја устата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andy Murray (@andymurray)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни