Поврзете се со нас

АТП

Мари се распадна по елиминацијата во Токио: Спортот може да биде брутален…

Објавено

на

Енди Мари одлучи да се фокусира на настапите во дубл се со цел да дојде до уште еден медал на Олимписките Игри, но тој негов сон нема да му се оствари затоа што денеска со неговиот партнер Џо Солзбери беа елиминирано во оваа конкуренција.

Имено подобри од британската комбинација беа Хрватите, Марин Чилиќ и Иван Додиг кои славеа со 2-1 во сетови со што обезбедија пласман во полуфиналето.

Овој пораз тешко му падна на Енди кој на социјалните мрежи имаше емотивен статус со кој најави дека повеќе нема да го видиме на олимписката сцена.

-Се чувствувам скршено по денешниот пораз. Спортот може да биде брутален. Благодарност до Солзбери што ми даде можност да играме заедно, беше одличен и посакувам работите да се одвиваа поинаку, но срања се случуваат. Ова е крај за мене на Олимпијадата.

-Би сакал да се заблагодарам на целиот тим на Велика Британија и тениската федерација за сè што направија за мене во текот на изминатите години. Беше апсолутна привилегија да ја претставувам мојата земја на четирите Олимписки игри и тоа се моите омилени спомени во животот, -порача Енди кој две злата и едно сребро од ОИ во Лондон и Рио Де Жанеиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни