АТП
Мари разочаран што нема да игра на Аустралијан Опен

Енди Мари до последен момент се надеваше дека ќе може да биде подготвен за настап на Аустралијан Опен, но денеска тој официјално потврди дека сепак нема да патува во Мелбурн.
Британскиот тенисер се зарази со коронавирусот во периодот кога требаше да отпатува во Австралија, а сега кога излезе од изолација, вели дека е тешко да се најде соодветен лет од тие предвидени од организаторот, а проблем е и фактот што потоа би го очекувал полесен или потежок вид на карантин.
– Се обидовме да најдеме решение со организаторите за некаков карантин во кој ќе може да се тренира, но не успеавме.
– Навистина сум разочаран што нема да играм на Аустралијан Опен, тоа е турнир и држава кои многу ги сакам, – изјавил Мари.
Мари одигра само седум мечеви во 2020 година, а поради слабиот ранкинг, доби покана од организаторот, која сега ќе му припадне на друг тенисер.

- НБАпред 21 час
НБА бравури со балкански шмек: Спектакуларното додавање на Дончиќ и моќното забивање на Јокиќ (Видео)
- Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ му испрати директна порака на Лукаку во пресрет на шоуто кое ќе го има со Михајловиќ
- Францијапред 21 час
Како бестрашниот Мбапе нема милост кон противникот: Да им дадеме шест или седум гола! (Видео)
- Италијапред 22 часа
Серија А одби да го одложи натпреварот Лацио-Торино
- Светпред 19 часа
Сопругата на Мамаев јавно го обвини фудбалерот дека ја изневерувал на подготовките во Шпанија
- Шпанијапред 20 часа
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!
- Формула 1пред 24 часа
Хамилтон посочи на што цели во новата сезона: Во минатото работев само за титулата, но сега..
- Формула 1пред 22 часа
Сината боја доминира на болидот на Алпин, Алонсо ја пропушти промоцијата