Поврзете се со нас

АТП

Мари одигра поен за паметење, па преку неверојатен пресврт и меч до 4 часот наутро дојде до една од најголемите победи во кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Тенисот знае да донесе неверојатни битки, чудесни мечеви, а токму еден таков одиграа Енди Мари и Танасис Кокинакис на Австралија Опен.

Домашниот миленик кој воедно беше и фаворит водеше со 2-0 во сетови и водеше со 5-2 во третиот, ама и тоа не се покажа како доволно за чудесниот Мари кој потсети на своите најдобри времиња. Шкотот успеа да направи неверојатен пресврт и со 7:6 (5), 6:3, 7:5 да дојде до еден од најголемите триумфи во кариерата.

Познато е каква се здравствени проблеми имаше Енди, многумина го отпишаа, ама тој како голем борец не го остави тенисот и оваа денешна партија која траеше скоро шест часа, партија која заврши во 4 часот наутро по локоално време доволно говори како за него така и за Кокинакис кој даде се да слави, но му фалеше „уште еден чекор“ тоа да го направи.

На крајот вреди да се одбележи и лудиот поен, дефанивните реакции на Мари во третиот сет во кој врати неверојатни топки и ја замолкна публиката во Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни