Поврзете се со нас

АТП

Мари незадоволен од АТП: Ревидираниот календар е опасен за играчите

Објавено

на

Најдобриот британски тенисер, Енди Мари, јавно го критикуваше раководството на АТП за начинот на кој е ревидиран календарот за турнирите планирани до крајот на годината.

Коронавирусот ја прекина тениската сезона, а по нејзиниот официјален рестарт, играчите ќе имаат напорен распоред.

Планот на АТП е сезоната да продолжи на 14 август со Сити Опен, по што следува Мастерсот Синсинати кој овој пат ќе се одржува во Њујорк и ќе биде загревање за Ју-Ес Опен.

Потоа, на 8 септември започнува сезоната на земја со турнирот во Кицбил, а следуваат Мастерсите во Мадрид и Рим, пред новото издание на Ролан Гарос.

– Не е безбедно за играчите од полуфинале или финале во Њујорк да се префрлат на земјена подлога, во ситуација кога долго немаат играно тенис.

– Можеби треба да се размислува за двегодишен ранкинг, па момците кои нема да можат да учествуваат на турнирите да не загубат многу од она што за што се избориле претходната сезона. – дополнува Мари, кој најави дека веројатно ќе го пропушти Мастерсот пред Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни