Поврзете се со нас

АТП

Мари: Нема да го шутирам Ѓоковиќ додека лежи на земја

Објавено

на

Енди Мари игра добро на АТП турнирот во Сиднеј каде по избореното финале неизбежна тема беше Новак Ѓоковиќ и сите случувања, драма околу негов во овој изминат период.

Ѓоковиќ и понатаму има проблеми со властите кои се решија да му ја поништат визата и останува неизвесно дали ќе може да остане и да ја брани титулата во Мелбурн.

-Ситуацијата не е добра и нема да седам овде и да го шутирам Новак додека лежи на земја, -истакна Мари кој е загрижен поради целата ситуација.

-Ова не е добро за никого. Кој знае што ќе се случи. Не знам каква е процедурата и по кој пат треба да оди Новак. Дали може да се жали и колку долго ќе трае? Дали ќе може да тренира? Се што сакам е што побрзо да се реши, најдобро би било за сите. Случајот трае предолго, -заклучи Енди кој е во добри односи со Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни