АТП
Мари неизвесен за Аустралијан Опен поради позитивен тест на коронавирусот

Енди Мари треба да настапи на Аустралијан Опен по покана на организаторот, но сега е неизвесно дали Британецот ќе може да се појави на терените во Мелбурн.
Причина е позитивен тест на ковид-19 на Мари, за кој јавноста дозна денеска, а доаѓа во пресрет на планираното патување во Австралија.
Мари сега е во изолација во Лондон, вели дека се чувствува добро и очекува да може навреме да ги исполни условите за да учествува на турнирот.
Тенисерите мора да отпатуваат во Мелбурн со еден од 15 чартер летови организирани од самиот грен-слем турнир, а потоа ќе треба да имаат неколку негативни тестови во текот на 14 денови во кои ќе бидат во карантин.
Првиот грен-слем сезонава ќе започне во поинаков термин од вообичаеното поради коронавирусот, а првите мечеви ќе се играат на 8. февруари.

- Италијапред 22 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 21 час
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 20 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 23 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 19 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 18 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч