Поврзете се со нас

АТП

Мари: Ќе има големи изненадувања на Ју-Ес опен

Објавено

на

Додека дел од тенисерките веќе го откажаа своето учество на Ју-Ес Опен, засега се уште непознато е кои тенисери ќе ги видиме на американските грен слем турнир, кој до овој момент не е откажан и планирано е да стартува на крајот на месец август.

Рестартот на тениската турнеја треба да започне во Америка и високиот пораст на новозаразени дефинитивно не им ја олеснува ситуацијата на организаторите, но во период кога се уште не се знае конечниот костур за тоа кои играчи ќе настапат на Флешинг Медоус, Енди Мари излезе со своја прогноза за мечевите во Њујорк.

Искусниот британски тенисер смета дека долгата пауза нема позитивно да влијае на никого, па негова проценка е дека ќе има огромни изненадувања во Њујорк доколку на крајот турнирот се одржи.

– Чувството на тренинг и на меч е комплетно различно. Тренираме доста долго, но на терен кога играте меч е многу поразлично. Без оглед на тоа колку се трудите и колку е тежок тренингот, едноставно не може да се спореди со официјален меч на кој има голем притисок.

– Играчите кои во минатото имаа подолги отсуства поради повреди ќе имаат малку поголемо искуство со вакви ситуации. Во оваа ситуација, сите ќе имаат големи шанси да остварат добар резултат. Сигурно ќе има големи изненадувања на Ју-Ес Опен, ќе биде интересно, – смета Мари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни