Мари го оперираше колкот, па посочи кога планира да се врати на терените

endi-mari-doha

Најдобриот британски тенисер и трикратен грен слем шампион, Енди Мари и дефинитивно уште некое време нема да го гледаме на терените и турнирите.

Поранешниот светски рекет број еден кој нема одиграно компетитивен меч од Вимблдон во месец јули денеска имаше успешна операција на колкот во Мелбурн, по што посочи кога планира да се врати на АТП турните. Ако се биде како што треба, Шкотот ќе има кам-бек кога ќе се играат турнирите на тревна подлога.

-Со нетрпение очекувам да се вратам во натпреварувачки форма за време на сезона на трева. Благодарност до сите за сите добри желби и поддршка во текот на последните неколку денови. Ќе се вратам од ова, -напиша Енди.

Facebook Коментари