Поврзете се со нас

АТП

Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/andymurray

Енди Мари го загуби првиот сет во дуелот против Дакворт во првото коло на Вимблдон, но поранешниот шампион успеа да се врати и врза три сета во низа за победа од 3:1.

Британецот мораше да прави микс во својата игра за да го наруши ритамот на противникот, а тоа му успеа и со сервис под рака на стартот на третиот сет кога се кршеше резултатот.

Легендарниот Џон Мекинро остана изненаден од Мари и нагласи дека никогаш не видел таков потег од домашниот тенисер на грен слемот во Англија, но како и обично, имаше и такви кои сметаа дека тој удар е своевидно непочитување кон ривалот.

Ник Кирјос е оној кој најчесто го користи тој удар и често знае да ги изнервира противниците, но според Мари, тоа сервис е легитимен и дозволен и нема зошто да предизвикува контроверзи.

– Тој удар нема никаква врска со непочитување. Тој сервис е потполно легитимен и дозволен и не знам зошто се крева толку прав секој пат. Дакворт беше два метра зад основната линија и пробав да го изненадам за полесно да дојдам до поен, – изјави Мари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни