Поврзете се со нас

АТП

Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ и Енди Мари започнаа соработка за која допрва ќе видиме дали ќе го даде посакуваниот резултат, но она што е јасно е дека се работи за двајца големи шампиони, тениски легенди, асови кои долго се во овој спорт и знаат како се оставруваат успеси.

Првиот посериозен тест ова дуо ќе го има на Австралија Опен, а пред самиот старт Мари даде интересна изјава за Србинот за кого смета дека може да стане најдобар спортист на сите времиња.

-Новак во последните неколку години се зацврсти како најдобар тенисер на сите времиња со рекордите што ги постигна. Во следните неколку години, ако може да освои повеќе слемови на 38, 39 години, да ги победи Карлос Алкарас и Јаник Синер во големи натпревари, тој има право да биде најголемиот спортист на сите времиња и тоа е возбудливо за мене и за неговиот тим, -рече Енди кој даде краток коментар за досегашната соработка.

-Беше неверојатно отворен. Првите денови беа чудни. И двајцата се обидувавме да ја поттикнеме таа комуникација и да изградиме доверба. Беше фасцинантно, -истакна Мари за „Дејли Мејл“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни