Поврзете се со нас

АТП

Мари е оптимист: Сакам да го освојам златото во Токио

Објавено

на

Шкотскиот тениски ас, Енди Мари смета дека е подготвен да дојде до уште еден голем успех на Олимписките Игри по оние во Лондон и Рио Де Жанеиро.

Мари успеа да ги освои златните медали во 2012 и 2016 година, па сега е оптимист дека може истото да го повтори и во Токио.

-Возбудливо е тоа што сум бранител на титулата на втори Олимписки игри во низа. Со нетрпение го очекувам предизвикот. Надминувањето на бариерите и тешкотиите е тоа што го дефинира овој натпревар. Сега е поважно од кога било за луѓето ширум светот повторно да се поврзат, да ги гледаат неверојатните настапи на спортистите и да ги слават своите достигнувања. Духот на олимпизмот има огромно влијание врз спортистите, навивачите и луѓето ширум светот.

-Мојата цел е да се обидам да освојам медал. Идеално, тоа би бил златен медал. Знам од прва рака колку овој спорт има влијание врз вашето тело, знам колку е тешко и фрустрирачко тоа патување до успехот, -порача Енди кој во моментов е 104 тенисер на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни