Поврзете се со нас

АТП

Мари даде искрена изјава по бруталниот пораз: Ова дефинитивно може да биде мојот крај во Австралија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Енди Мари беше во делот од жребот на Новак Ѓоковиќ и посака нова пресметка со стариот ривал во третото коло на Аустралијан Опен, но до такво нешто сепак нема да дојде.

Желбите на Британецот се урнаа уште во првото коло на тенискиот грен слем во Мелбурн, каде Мари денеска претрпе преубедлив пораз, по кој самиот изјави дека најверојатно веќе никогаш нема да се врати на Аустралијан Опен.

Аргентинецот Ечевери не му даде никаква шанса на искусниот тенисер и славеше со 6:4, 6:2 и 6:2, а лошата слика која ја остави Енди предизвика големо разочарување кај поранешниот светски рекет број еден.

– Ова дефинитивно може да биде мојот крај на Аустралијан Опен. Постојат големи шанси дека ова беше последниот мој настап тука. Го велам ова поради начинот нак ој се одвиваше мечот.

– Кога играте во текот на мечот, ги контролирате емоции и мислите само на следниот поен, но кога доаѓате до последниот поен на мечот, се подзамислувате како заврши се толку брзо. Ми беше многу тешко кога го напуштив теренот, многу сум разочаран од тоа што го прикажав. Навистина е многу тешко да се заврши со Австралија на ваков начин, – изјави Мари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни