Поврзете се со нас

Македонија

Маргели и Кузмановски донесоа победи за Вардар и Пелистер, Алкалоид сигурен во скопската пресметка

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Филип Кузмановски и Ашраф Маргели со супер изданија донесоа победи за фаворитите Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 на средбите од третата рунда во Супер Лигата.

Актуелниот шампион како гостин го доби соочувањето со Бисинов со 41-21 во дуел во кој репрезентативецот Кузмановски „експлодираше“ со 13 погодоци. Со ова „зелено-белите“ го задржаа максималниот учинок пред дербито со Вардар во наредното коло.

Токму „црвено-црните“ рутински се справија со Радовиш со 29-16 во средба во која бекот Маргели беше незадржлив на теренот со дури 14 реализации.

Алкалоид пак беше подобар од Бутел со резултат 34:27. Избраниците на Лазаров ги добија двете полувремиња, најефикасни беа крилата Бинго и Костески со 7 и 6 голови.

Триумфи на останатите денешни средби остварија екипите на Охрид и Струга.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни