Поврзете се со нас

Англија

Марфи за засилувањето со кое се поврзува Јунајтед: Ќе бидат уште полоши од минатата сезона!

Објавено

на

Манчестер Јунајтед треба да добие сосема нов и поинаков изглед со Ерик Тен Хаг, но клубот од „Олд Трафорд“ веќе испушти да му исполни една желба на новиот менаџер.

Дарвин Нуњез заврши во Ливерпул и фановите на клубот се надеваат дека оперативците ќе завршат подобра работа со Френки Де Јонг, но во моменти на многу шпекулации, се потесно со Јунајтед се поврзува и Кристијан Ериксен кој имаше извонредно враќање во Премиер лигата.

Јунајтед може да го добие Данецот како слободен агент и тоа ги олеснува преговорите, но доста зачудувачки став за оваа интересна операција има легендарниот Дени Марфи.

Поранешниот играч за врска на Ливерпул смета дека Ериксен нема да го донесе потребниот баланс во средниот ред, па дури и прогнозира дека тимот ќе биде уште полош од минатата сезона доколку се реши за реализацијата на трансферот.

– Ако Тен Хаг мисли да игра со Ериксен и Бруно во средниот ред со само еден со дефанзивни задачи, тогаш Јунајтед ќе заврши уште полошо од минатата сезона. Не гледам некоја логика, дури и да дојде Френки Де Јонг. Нема да има играч кој ќе прави валкани работи со стартови на средниот ред.

– Навистина ова е чудно за мене, не знам зошто го сакаат Ериксен, тие имаат доволно креативни играчи во средниот ред. Јунајтед сака да се засили со играч кој играше во Брентфорд, а претходно беше во Тотенхем? И тоа после ера во која не освоија ништо, јас тука не гледам логика, – вели Дени Марфи за „Ток Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни