Поврзете се со нас

Англија

Марфи за ерата по Клоп: На Ливерпул нема да му се случи падот на Јунајтед

Објавено

на

Информацијата дека Јирген Клоп ќе го напушти Ливерпул по крајот на сезоната и натаму е тема која привлекува многу коментари и анализи, а на истата својот став го истакнал и Дени Марфи.

Поранешниот фудбалер на „црвените“ се концентрирал на сегментот поврзан со периодот на транзиција по заминувањето на Клоп и доаѓањето на следниот менаџер, односно искуството кое го има Манчестер Јунајтед по заминувањето на Алекс Фергусон.

Деценија подоцна Јунајтед не може да им се врати на старите патеки, но Марфи е сигурен дека Ливерпул ќе избегне такво сценарио.

– Заминувањето на Клоп е голем шок, но тоа не значи дека Ливерпул мора да мине низ истите трауми како Јунајтед во ерата по Фергусон.

– Мислам дека веста ќе влијае позитивно на играчите. Тие се во одлични односи со Клоп, но исто така ќе знаат и дека следниот менаџер ќе ги анализира натпреварите и ќе сакаат да покажат дека заслужуваат да бидат дел од неговите планови.

– Разликата меѓу Ливерпул во 2024 година и Јунајтед и Арсенал пред една деценија, е во тоа што Фегри и Арсен Венгер одлучуваа за се што се случува во клубот. Но, сега фудбалот е променет, хиерархијата е поставена така што не зависи само од еден човек. Имавме чувство дека во Јунајтед секоја одлука минува низ рацете на Фергусон, а тоа подоцна остави голем вакуум кога тој замина. Фудбалот веќе не функционира на таков начин, – вели Марфи во својата колумна за „Дејли мејл“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни