Англија
Марфи за ѕвездата на Јунајтед: Тој би бил многу подобар во Арсенал
Манчестер Јунајтед назначи во менаџер во името на Рубен Аморим, а тоа дефинитивно значи дека ќе има промени во играчкиот кадар во наредниов период.
Првата можност за тоа е јануари, а потоа доаѓа и летниот преоден рок што значи дека реално е да видиме некој нов Јунајтед со сериозно освежен играчки кадар од наредната кампања. Сигурно ќе има и заминувања, а медиумите во последниве денови веруваат дека една од ѕвездите која може да го напушти клубот е Маркус Рашфорд.
Од него се очекува да биде лидер или меѓу лидерите, но далеку е од посакуваното ниво и се остава простор за шпекулации кога е во прашање неговата иднина на „Олд Трафорд“
-Тој треба да прави повеќе со талентот што го има. Мислам дека веќе го видовме најдоброто од Маркус Рашфорд, но тој е способен повторно да дојде до тоа ниво. Мислам дека Рубен Аморим е способен да го направи тоа. Мислам дека сценариото да си замине е нереално, мислам дека ќе остане и Аморим ќе извлече повеќе од него. Имаше една сезона од светска класа, неговите бројки беа одлични. Со способноста што ја има, мислам дека е способен за повеќе. Тој е во клубот долго време, но менаџерската ситуација никогаш не била стабилна, има многу промени.
-Да беше во подобар тим, поуспешен тим, под покомпетентен менаџер од некој што го видовме во Јунајтед, можеби ќе видиме поинаков исход. Има прекрасни атрибути но најголем проблем му е перцепцијата, -истакна Дени Марфи кој во однос на сугестијата дали можеби Арсенал е вистинскиот клуб за него, тој порача:
-Знаете што, никогаш не знаете со сигурност, но играјќи во тим кој е толку стабилен, толку самоуверен и компетентен, постои случај неговиот краен производ да биде многу подобар, бидејќи Арсенал е навистина доминантен во натпреварите, -рече Марфи за „Токспорт“.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства16 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
АТП17 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства17 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства20 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)