Поврзете се со нас

Англија

Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити не успеа да ги освои трите бода на денешното гостувањето кај Вест Хем, а со тоа му даде шанса на Ливерпул целосно да се врати во трката за пехарот во Премиер лигата.

„Граѓаните“ беа доминатни на денешното гостување во Лондон кај Вест Хем, меѓутоа одново имаа проблеми во некои ситуации, клучни моменти кои знаат да направат разлика. Имено четата на Гвардиола дозволи домаќинот да дојде до предност од 2-0 во првиот дел и тоа по првите два директни удари кон голот на Едерсон, удари кои се покажаа како единствени на натпреварот.

Бранителот на титулата покажа карактер и се врати во вториот дел и до 69 минута имаше 2-2 за да во 86 добие пенал за целосен пресврт. Одговорноста ја презема Марез кој беше прочитан од Фабијански и резултатот остана 2-2.

Ова значи дека составот од Манчестер сега има 90 бода или четири повеќе од Ливерпул кој во вторник му гостува на Саутемптон во заостанатиот меч што значи дека во последното 38. коло можеме да влеземе со преднос од само еден поен за Сити.

Останати резултати: Астон Вила-Кристал Палас 1-1, Лидс-Брајтон 1-1, Вотфорд-Лестер 1-5, Вулверхемптон-Норич 1-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни