Поврзете се со нас

Англија

Марез: Ливерпул „гризеше“ за мене, ама се заврши кога…

Објавено

на

Одличниот крилен напаѓач, Ријад Марез обелодени дека имал можност да се пресели во таборот на Ливерпул.

Алжирецот беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата особено во сезоната кога Лестер сите ги шокираше и го освои трофејот во најсилната англиска конкуренција. Тие негови партии не останаа незабележани од гигантите кои го посакуваа во своите редови, но до голем трансфер дојде дури во 2018 година кога Манчестер Сити за него плати 60 милиони фунти.

-Пред да потпишам за Манчестер Сити, имаше интерес од Ливерпул за мене, ама се заврши кога го ангажираа Мохамед Салах (2017), -обелодени Марез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни