Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марез: Имаме се што е потребно за да ја освоиме титулата во ЛШ

Објавено

на

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Ријад Марез е убеден дека тие како тим можат да ја освојат титулата во оваа натпреварувачка сезона во Лигата на шампионите.

Најквалитетното европско натпреварување е во прекин поради коронавирусот, засега нема официјално информации кога ќе продолжи, но се навестува дека тоа би можело да биде во месец август.

-Мислам дека е време да ја освоиме ЛШ. Имаме силен тим, одличен менаџер, имаме се што ни треба и сме подготвени за тоа. Не знам дали сме најдобри во Европа, ама сме доволно добри за да ја освоиме ЛШ.

-Секако натпреварувањето е тешко, секоја ја сака титулата и ќе мораме да се потрудиме. Ќе биде тешка борба, -истакна Марез.

Манчестер Сити пред паузата успеа да ја добие првата осминафинална битка со Реал Мадрид со 2-1 и тоа на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни