Поврзете се со нас

Англија

Марез: Гвардиола не го доби тоа што го очекуваше од мене

Објавено

на

Ријад Марез стана најскап африкански фудбалер во историјата откако Манчестер Сити плати 60 милиони фунти за негов ангажман од Лестер, операција која се реализираше во 2018-та година, а по која Алжирецот уште во првата сезона стигна до втората титула во Премиер лигата.

Марез беше дел од неповторливиот успех на Лестер и со „лисиците“ за првпат се искачи на тронот во Англија, но минатата сезона по вторпат го крена трофејот, иако имаше далеку понезначителна улога од тоа што беше случајот во претходниот клуб.

Ријад сега се отвори и призна дека почетокот во Сити не бил воопшто едноставен за него, бидејќи на теренот не можел експресно да направи разлика како што многумина очекуваа.

– Не направив разлика каква што очекуваше Гвардиола, како што очекуваа сите. Пеп не го доби тоа што го очекуваше. Очигледно, во силен тим како Сити, немаат време да ве чекаат вас. Во тимот има 20 топ играчи и јас седев на клупата кога другите играчи беа одлични.

– Беше навистина тешко на почетокот, ми беше тешко да се вратам, започнав со чекор назад. При крајот на сезоната, почнав почесто да добивам шанса, одиграв добро и за среќа самодовербата ми се врати. Наредната сезона ја почнав многу подобро и веднаш беше поразлично. Сега самодовербата е тука и ја чувствувам, – завршува Алжирецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни