Поврзете се со нас

Англија

Мареска за „замрзнат“ талент на Челси: Прво мора да се најде решение за неговиот договор

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска реши да повика неколку млади фудбалери за гостувањето на Челси кај Панатинаикос во рамките на Конференциската лига, а тоа било повод за менаџерот да даде објаснување за статусот на еден 18-годишен талент на лондонскиот клуб.

Се работи за Џош Акимпонг, фудбалер кој поседува голем потенцијал, но веќе еден месец нема настапи за сениорскиот или младинскиот тим на Челси.

Менаџерот потврдил дека проблемот е во неговиот договор, односно преговорите за негово продолжување и додека тоа не се реши, Акимпонг нема да добие можност да игра фудбал.

– Навистина ми е криво за Џош, бидејќи вакви натпревари можат многу да му помогнат.

– Тој има потенцијал да биде топ играч, има само 18 години, па може да биде многу важен и за Челси.

– Клубот не сака да го загуби, па прво што мора да се направи е да се најде решение за неговиот договор, – рекол Мареска.

Договорот на Акимпонг истекува во 2026 година, а младиот фудбалер веќе е мета на повеќе ривали на Челси.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни