Поврзете се со нас

Англија

Мареска за нереалниот проблем со кој се соочува во Челси: 15 играчи не тренираат со првиот тим! (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска го наследи Маурисио Покетино и добро знаеше каков хаос за средување го чека во Челси, но сигурно Италијанецот не можеше да се надева дека ќе мора да се справува со сите играчи кои се вратија од позајмици.

Челси го има убедливо најголемиот состав во фудбалска Европа и првиот тим на Мареска брои дури 43 играчи, од кои новиот менаџер самостојно решил да отстрани дури 15.

На оваа црна листа се и звучни имиња како Кепа Аризабалага и Ромелу Лукаку кои се мачат да пронајдат решение за својата иднина и во оваа фаза од месец август, па Мареска може само да се надева дека директорите ќе ги засукаат ракавите и дека ќе исчистат дел од тимот до крајот на летниот преоден рок.

– Ако почнам да мислам дека имам 43 играчи на располагање, ќе ме заболи глава. Не е добро да имате 43 играчи во тимот, затоа на моите тренинзи се појавуваат 28 играчи.

– Најдобро ќе биде да се најдат решеие за овие играчи, но тоа не е прашање за мене. Со тоа ќе мора да се справат директорите Пол Винстенли и Лоренс Стјуарт, – ијави Мареска.

Челси новата сезона во Премиер лигата ја стартува со големо дерби, односно дуел против актуелниот шампион Манчестер Сити.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни