Англија
Мареска за непријатниот проблем со англискиот репрезентативец: Се надевам дека брзо ќе се реши оваа ситуација
Кевин Галахер доби продолжен одмор поради настапот на Европското првенство, но во период кога требаше да се подготвува за враќање на тренинзите, играчот за врска доби јасен сигнал дека е непожелен во Челси.
Лондонскиот клуб го информирал Галахер дека нема потреба да се пријави во тренинг комплексот и дека е слободен да си земе дополнителен одмор, се додека не го реши својот статус.
Челси го стави Галахер на трансфер пазарот и сака што побрзо да се ослободи од репрезентативецот, кој интересно беше пред заминување од клубот и минатиот зимски преоден рок.
Тогаш Маурисио Покетино не дозволи заминување на еден од своите најкористени фудбалери, но Енцо Мареска очигледно сега не смета на него и сака само што побрзо да се реши непријатната ситуација.
– Не можам да кажам повеќе детали на таа тема. Единственото што можам да го кажам е дека клубот бара брзо решение. Мислам дека оваа тема не е баш нова во клубот.
– Во фудбалскиот свет, секое лето има некоја ситуација и некој проблем со одреден фудбалер. На крајот, најдобро е да се најде решение и сите да бидат среќни. Се надевам дека брзо ќе се реши оваа ситуација, – изјави Мареска.
-
Балканпред 20 часа
Сите проблеми се забораваат кога се игра дерби: Хајдук го сруши Динамо на „Максимир“ (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Дида за Фонсека и Ибрахимовиќ: Потребно му е време на тренерот, Златан…
-
Балканпред 10 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Балканпред 22 часа
Првенче во новата кампања: Алими стрелаше во победата на Сепси (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Мота импресиониран од една ѕвезда на Јувентус: Кога доаѓа на тренинг…
-
Светпред 11 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Светпред 23 часа
Видал во свој стил: Тој е идиот, изгледа…
-
ВТАпред 23 часа
Ѓорческа ќе игра полуфинале во двојки на турнирот во Словенија