Поврзете се со нас

Англија

Мареска за чудниот меч на „Портман Роуд“: Бевме осудени да претрпиме пораз

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси беше во блиска трка со Ливерпул до пред само десет дена и изгледаше како тим кој може да го предизвика актуелниот лидер во Премиер лигата, но лошиот крај на годината дефинитивно ги расипа впечатоците и го намали оптимизмот на „Стемфорд Бриџ“.

Ремито со Евертон беше најава за уште полош финиш на 2024-та година, бидејќи потоа следеше „Боксинг деј“ пораз од Фулам, како и нов шок од Ипсвич на гостувањето на „Портман Роуд“.

Енцо Мареска во ниту еден момент не го вброја својот тим како кандидат за титулата во англиската елита, а последните неколку резултати покажаа дека Италијанецот најверојатно беше во право.

– Ова беше навистина чуден натпревар, креиравме безброј шанси во првото полувреме, но и на стартот на второто. Имавме две стопроцентни шанси, а потоа примивме втор гол и тоа го уби мечот.

– Кога нема да искористите толку шанси, кога ќе ви се испречи стативата, кога ќе се вклучи ВАР и кога ќе видите толку блокови од противничките играчи, јасно е дека натпреварот ќе оди на спротивната страна. Осудени сте да претрпите пораз.

– Штета е што испуштаме уште една убава шанса за бодови, но честитки за Ипсвич. Блокираа толку многу удари на гол-линијата, се бранеа со тело, реагираше голманот и покажаа голема страст за да го одбранат својот гол. Честитки за победата, – порача Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни