Поврзете се со нас

Англија

Мареска воочи голем проблем кај 100 милионското засилување кое го наследи: На моменти е многу добар, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска мораше да применува брутални методи и да отстрани познати имиња од првиот тим на Челси, па додека медиумите се занимаваат со заминувањата на Чилвел, Аризабалага, Стерлинг и Лукаку, италијанскиот стручњак се насочува кон неговите редовни проблеми.

Челси вчера едвај го скрши отпорот на Сервет и запиша победа во квалификациите за Конференциската лига, а стартер на овој меч беше и Михаило Мудрик кој чека шанса да се докаже пред третиот менаџер во Лондон.

Украинецот засега не ги исполни очекувањата и презентира партии кои не одат во иста реченица со играч за кого беа платени 100 милиони евра, па отворено за неговите недостатоци во играта сега за првпат проговори и Мареска.

– Мечот со Сервет е отслика за тоа што се случува со Миша. Мудрик го има истиот проблем од првиот ден кога е во Челси. На моменти е многу добар, но потоа се врти тркалото. Со него во моментов е како да фрлате паричка. Тој треба да знае дека на ова ниво се бара многу повеќе константност. Треба да ја очекува топката во завршната третина и треба да ги носи правилните одлуки.

– Според мене, најголемите грешки кои ги прави Миша доаѓаат поради погрешен избор. Не се работи за недостаток на квалитет и техника, тој треба да работи на изборот во завршната третина. Понекогаш се обидува да направи нешто повеќе од што треба и така ја губиме топката. Понекогаш непотребно оди во дуели еден на еден. Тоа се одлуките на кои мора да работи. Се надевам дека ќе му помогнеме да го поправи тоа, – вели Мареска.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни