Поврзете се со нас

Англија

Мареска тврди дека наследил голем проблем од Покетино: Работиме на тоа од првиот ден

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси не мина баш добро на американската турнеја и ја заврши истата со два порази од Реал Мадрид и Манчестер Сити, неуспеси кои јасно ставија до знаење дека Енцо Мареска има полни раце работа пред себе.

Италијанскиот стручњак го прифати предизвикот да го води лондонскиот великан и го наследи Маурисио Покетино, но во оваа почетна фаза од подготовките тимот не изгледа подобро од лани.

Челси повторно лесно прима голови и противниците изгледаат опасно за дефанзивата на „сините“, а според Мареска, тоа е проблем кој го наследил од Мареска, и истиот се обидува да го реши од првиот работен ден.

– Решаваме проблем кој датира од минатата сезона, проблем кој го воочив на првиот ден. На еден од првите состаноци со екипата зборувавме за бројот на примени голови со висока дефанзивна линија.

– Пробуваме да го решиме тоа и напорно работиме. Офанзивно стоиме добро, креираме шанси, но проблемот е во дефанзивата. Не мислам само на дефанзивната линија, мислам дека треба да работиме дефанзивно како тим, сите играчи. Заврши турнејата, се враќаме во Лондон и таму ќе работиме за стартот на сезоната, – изјави Мареска.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни