Поврзете се со нас

Англија

Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Енцо Мареска целосно го стабилизираше Челси и тимот од Лондон останува како второпласиран на табелата, откако „сините“ вчера испорачаа нова голеада на гостувањето на „Ст. Мери“.

Челси го преслуша Саумтемтон со 1:5 и ја продолжи победничката серија во Премиер лигата, три дена по триумфот кој го оствари и над Астон Вила со резултат 3:0.

Говорејќи по најновиот триумф на неговиот тим, менаџерот Мареска дека во неделата решил да казни еден свој фудбалер, и тоа стартерот Нони Мадуеке поради недоволно залагање на тренинзите.

– Со Нони имам навистина близок однос и лично барам од него да прави повеќе за тимот. Во моментите кога почнува да дава голови и асистира, тој веднаш се опушта и почнува да опаѓа со перформансите. Не беше стартер против Астон Вила поради тоа што не тренираше на добар начин, не ми се допаѓаше нивото со кое се појави на тренингот.

– Мора да разбере дека треба да биде упорен на секој тренинг, треба да биде добар на секој тренинг и мора да има највисоки амбиции. Кога постигнува еден гол, не треба да престане и да се задоволи. Треба да оди по втор и по трет гол. Тој е фантастичен и му оди добро, но ако ја подобри работната етика, ќе биде уште поимпресивен, – смета Мареска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни