Англија
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед
Џејдон Санчо одново нема да биде дел од Манчестер Јунајтед кој реши да се ослободи од него и овојпат да ги испрати на позајмица во Челси.
Санчо вториот период од минатата кампања го мина во Борусија Дортмунд каде ја врати формата, посакуваниот ритам и некако се очекуваше да добие нова шанса во Јунајтед особено откако се решија некои работи со менаџерот Ерик Тен Хаг, па тој тренираше со екипата, меѓутоа се чини одново постои некој проблем и офанзивецот на крајот заврши на „Стемфорд Бриџ“.
Тренерот на „сините“ Енцо Мареска е задоволен што го има Џејдон на располагања, ама воедно му порача дека очекува напорна работа, ангажман ако сака да остане во клубот и во иднина.
-Го сакам Џејдон, ги сакам играчите што ги имаме. Причината зошто Џејдон е тука е затоа што го сакам, инаку не би бил тука. Ги имаме Џејдон, Жоао [Феликс], вакви играчи. Пред да дојдат во клубот, разговарав со нив, а една од моите пораки до нив беше ако дојдете овде и не работите како што треба, тогаш нема да играте. Пред да пристигнат, пораката за нив беше јасна. За Џејдон. За Жоао.
-Но, причината зошто зборувам со тебе е затоа што навистина ми се допаѓаш. Ако дојдеш овде на начин како што сакаме, ние сме среќни. Ама ако пристигнеш и не работиш, подобро да не доаѓаш, -порача Мареска.
-
Шпанија19 часа
Мерино за талентираниот Јамал: Ова е фудбал, има…
-
Англија21 час
Сити добива нов директор: Поранешен португалски репрезентативец ќе го убедува Гвардиола да остане на „Итихад“
-
Евролига6 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Свет22 часа
Маскерано: Ако Меси беше дефанзивец…
-
Македонија20 часа
Алкалоид со нова „40-ка“ до „седум од седум“ во Суперлигата
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ и Федерер имаа блиска средба во Шангај: Кај си стари? (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Леонардо посочи кои два клуба се во најдобра позиција за титулата во Серија А
-
Италија7 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете