Поврзете се со нас

Англија

Мареска: Не сме подготвени да се натпреваруваме за титулата, тим кој…

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси забележа уште една победа во Премиер лигата и тоа против лондонскиот ривал Брентфорд кој падна на „Стемфорд Бриџ“ со резултат 2-1.

Ова за „сините“ беше десетто славје во шестанесетиот натпревар во шампионатот и сега се на само минус два бода од лидерот Ливерпул. Меѓутоа без разлика на одличната форма, позитивната серија и игра менаџерот Енцо Мареска не се залетува и уште еднаш порача дека не се екипа која е подготвена да се натпреварува за пехарот, а една од причините за тоа ја наведе лесниот примен гол на вчерашниот натпревар.

-Без разлика колку натпревари ќе победиме, мислам дека не сме подготвени да се натпреваруваме за титулата. Една од причините е мислам дека тимот кој знае како да се натпреварува за освојување титули нема да прими гол каков што примивме ние. Во 90 минута по изведен аут за нас примивме гол. Тим кој знае како да освојува пехари, таков гол нема да прими. Затоа продолжувам да велам дека не сме подготвени за титули. Дури и ако не ми верувате.

-Би го сакал притисокот да се натпреварувам за титулата. Но, не можеме да примиме гол каков што примивме и да го отвориме натпреварот и да им дадеме шанса да земат бод овде, -порача Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни