Поврзете се со нас

Англија

Мареска: Не ни е потребен „убиец“ во нападот

Објавено

на

Челси влезе во резултатска криза во изминатиов период или поточно во претходниов месец има забележано само една победа и тоа во ФА Купот над нисколигашот Морекамб.

„Сините“ вечерва ќе се обидат да ја прекинат црната серија во соочувањето со Вулверхемптон, меч на кој шанса исто така за крај на низата без погодок ќе бара напаѓачот Николас Џексон.

Џексон важи за прв стрелец на Челси, но тој од 15 декември нема постигнато ниту еден погодок за тимот, а тоа донесе нови критики на негова адреса. Менаџерот Енцо Мареска застана во негова одбрана и притоа ја отфрли можноста тие да донесат нов напаѓач.

-Не, затоа што мислам дека ако имаме малку повеќе среќа, можеме да реализираме и да постигнеме повеќе голови. Не станува збор за доведување на „убиец“. Во овој момент, оној на кој веројатно му недостасува гол е Нико. Но, начинот на кој работи е фантастичен и не се сомневаме дека наскоро ќе почне да постигнува голови, -порача Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни